Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Џипот на Тоше никако да се расклопи за вештачење Tue Nov 01, 2011 5:03 pm | |
| 22.05. 2008Се тврди дека од џипот фалат сензорите, воздушните перничиња и едно тркало
Горан Адамовски Минаа речиси три месеци откако теренскиот џип „фолксваген туарег“, во кој загина балканската ѕвезда Тоше Проески, беше донесен во Скопје, а надлежните се' уште него започнале вештачењето на џипот, кое треба да ги открие причините за несреќата што ја потресе земјава. Тимот на експерти е веќе одамна составен, но, како што дознаваме, разни процедурални работи се' уште ја кочат истрагата за кобната несреќа што се случи пред седум месеци во Нова Градишка. Неофицијално се говори дека случајот е многу комплексен и не ќе може да се разреши во скоро време, имајќи предвид дека уште во стартот на истрагата во Хрватска се имаат провлечено одредени пропусти кои го отежнуваат расветлувањето на несреќата. Вештачењето на џипот,коментираат нашите извори, ќе оди бавно и поради тоа што не се знае во каква состојба е донесен џипот во Скопје, кој повеќе од еден месец стоеше необезбеден во Хрватска. Како што неофицијално се дознава, на возилото му недостигаат сензорите, воздушните перничиња и едното тркало. Експерти од машинските факултети во Скопје и во Битола, сообраќајни инженери и стручњаци од Електротехничкиот факултет во Скопје со месеци чекаат да добијат дозвола да почнат со експертиза на џипот, кој „спие“ во еден од хангарите на Машинскиот факултет во Скопје, а до кој никој нема пристап. Како што велат од истрагата, недостиг од координација го спречува почетокот на вештачењето. Вештачењето ќе биде многу обемна работа, тврдат извори инволвирани во истрагата. Тие потврдуваат дека најголема грешка е тоа што нашит надлежни институции не испратија свој тим на увидот веднаш по несреќата во Хрватска. | |
|