Спомен куќата на нашата икона Тоше Проески, вчера беше изгласана за најдобар објект во целиот свет.Погледнете ги фотографиите од доделувањето на
наградата за најдобро архитектонско дело за 2011 година за
Спомен куќата на Тоше на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.
Меморијалниот центар на Гумење во Крушево, кој со вкупно 15.078 гласови, во конкуренција на многу прекрасни градби од целиот свет, го освои првото место е дело на архитектите, Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски.
На второто место на листата се најде Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико со 7.642 гласови, додека „Атмосфера“ во Калкута се најде на третото место со 7.121 глас.
Во изборот за најдобар објект биле пријавени повеќе од 1.000 проекти, но право на учество добиле 704.