Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Авторите на Спомен куќата на Тоше се вратија со прва награда од Барселона
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Авторите на Спомен куќата на Тоше се вратија со прва награда од Барселона Mon Nov 07, 2011 4:45 pm
Со гласот на Тоше, фотографиите од незаборавните концерти, и на крајот проекција на Спомен куќата каде се собрани спомените за легендата, архитектите на меморијалниот споменик ги искажаа импресиите од Светскиот натпревар во архитектура.
Од Барселона се вратија со првата награда од гласовите на луѓето кои гласаа на интернет страната за најдобро архитектонско решение.
“Беа зачудени како може еден таков објект да се вклопи на такво место. Меѓутоа направивме симболика преку нашата македонска архитектура и она што го имаме таму”, вели Дејан Спасеновски, архитект.
“За делото рекоа дека е одлично архитектонско вклопување на локација и топографија на теренот извонредно извршено и применето во манималистичкото архитектура која зборува сама за себе”,вели Дејан Секуловски архитект.
Македонија покажа голем квалитет во уметноста. Министерството за култура секогаш ќе ги поддржува ваквите проекти.
“Наградата ја потврди оригиналноста и инвентивноста на архитектите на Спомен куќата. Јас сум убедена дека во иднина ќе им отвори нови можности, нови хоризонти за промоција на нивниот авторски потенцијал”, вели Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.
Спомен куќата на Тоше од самиот почеток на гласањето ги освои симпатиите на луѓето од целиот свет. Го освои првото место со 15 000 гласови, што е двојно повеќе од второпласираниот проект. На натпреварот за најдобра градба учествуваа 704 проекти од целата планета.
Емилија Јовановска
Авторите на Спомен куќата на Тоше се вратија со прва награда од Барселона