Граѓаните на Крушево реагираат на последниот оглас на националната установа
'Спомен куќа на Тодор Проески" , која што објави оглас за вработување каде што се бараат вработени со многу прецизни карактеристики, како на пример двајца угостители - келнери со
по десет годишно работно искуство и 3-ти степен стручна спрема! Жителите на Крушево реагираат на овој оглас, се сомневаат дека работните места се однапред определени за кого ќе бидат.
Апсурдни бројки и за вработување на хигиеничар, тој мора да има 4 години работно искуство. Иста е карактеристиката и на новиот чувар. Кустос пак може да биде секој, кој завршил било што.
Граѓаните преку социјалните мрежи прашуваат дали ќе се вработат партиски кадри на владејачките партии?
На социјалните мрежи на големо се осудува злоупотребувањето на Тоше Проески за партиски цели.
- Е уште ова не го имавме видено, на некој конкурс да се бара келнер со 10 години работно искуство, коментираат граѓаните.Тие додаваат -
плус да се бара кустос за спомен куќата на Тоше со завршен било кој факултет, што значи фино ќе си завршиш медицина или економски.