Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Анабела се извинува: Се извинувам на сите кои лошо ја разбраа мојата изјава за Тоше Thu Dec 22, 2011 6:15 pm | |
| Сите сме веќе запознаени со случајот на пејачката Анабела и нејзината изјава за Тоше која ја навреди Македонија. Медиумите пишуваат и ја повикуваат да се извини, а таа револтирано одговори дека нејзината изјава била погрешно разбрана. Пејачката Анабела лошо се пошегувала на своја сметка во емисијата Ексклузив, изјавувајќи дека можеби го дава своето последно интервју бидејќи е родена само еден ден по покојниот Тоше Проески во чие родно место Крушево таа ќе настапува за Нова година. Меѓутоа поедини портали и медиуми лошо ја протолкувале нејзината изјава, и тврделе дека Анабела се пошегувала на сметка на починатиот Тоше. "Никогаш не би се пошегувала на сметка на некој кој не е веќе со нас, а не пак на сметка на ангелот на балканската музика, каков што беше Тоше. Затоа многу ми пречи тоа што ги извртеа моите зборови. За сите оние на кои коефициентот на интелегенција не им е доволно голем за да сфатат дека на груб начин се пошегував на своја сметка, немам адекватен вид на помош, но во секој случај се извинувам дури и на оние кои без никаква причина лошо ги разбрале моите зборови. На моите драги фанови во Македонија им порачувам овој викенд да се подготват бидејќи пристигнувам во Струмица, а за Нова година ќе пеам во преубавото Крушево, во родното место на драгиот и обожуван колега.", заклучила Анабела во својата изјава. | |
|