Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Анабела цинично се извини Thu Dec 22, 2011 6:21 pm | |
| Откако со недолична изјава го навреди Тоше Проески, Анабела реши да се извини. Вели дека со својата изјава не сакала да навреди никого и дека зборовите и биле извртени.-Никогаш не би се пошегувала на сметка на некој кој не е веќе со нас, а не пак на сметка на ангелот на балканската музика, каков што беше Тоше. Затоа многу ми пречи тоа што ги извртеа моите зборови. За сите оние на кои коефициентот на интелегенција не им е доволно голем за да сфатат дека на груб начин се пошегував на своја сметка, немам адекватен вид на помош, но во секој случај се извинувам дури и на оние кои без никаква причина лошо ги разбрале моите зборови. На моите драги фанови во Македонија им порачувам овој викенд да се подготват бидејќи пристигнувам во Струмица, а за Нова година ќе пеам во преубавото Крушево, во родното место на драгиот и обожуван колега, изјави Анабела. Дали ова е вистинскиот начин Анабела да се извини за изјавата која ја даде за српски Ексклузив? Фановите на Тоше ја осудија изјавата, а балканските медиуми во своите текстови зборовите на пејачката ги наведоа како навредливи. Анабела немајќи излез по непромислената изјава, даде свое извинување и не пропушти да ги повика Македонците на нејзините претстојни настапи во земјава. | |
|