Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Стефановски и Трпчески на концертот во чест на Тоше Fri Jan 13, 2012 6:16 pm | |
| 150 МУЗИЧАРИ НА СЦЕНАТА ВО МОБ Стефановски и Трпчески на концертот во чест на Тоше На концертот што ќе се одржи на 21 јануари во Македонската опера и балет ќе настапат и Весна Ѓиновска-Илкова, Благоја Нацески, Ѓорѓи Цуцковски, Словенката Аленка Готар, која ја претставуваше својата земја на „Евровизија 2007“, Сања Kеркез (Белград), Сандра Багариќ (Хрватска), Еделина Kанева од Бугарија, а диригент ќе биде Саша Николовски - Ѓумар Повеќе од 100 музичари од големиот оркестар на МОБ, бендот на Тоше Проески и членови на акдемскиот хор на Факултетот за музичка уметност ќе бидат дел од концертната програма на четвртиот меморијален концерт посветен на македонската легенда. На настанот, кој ќе се одржи на 21 јануари во Македонската опера и балет, Скопје ќе бидат изведени дел од поп-хитовите на Проески меѓу кои „Ден за нас“, „Још увјек сањам да смо заједно“, „Полско цвеќе“, „Игри без граници“, со нови оркестарски аранжмани, изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и поранешните југословенски простори. | |
|