Битолскиот хор „Ѕвончиња“ составен од деца на возраст од три до 16 години ќе одржат концерт посветен на Тоше Проески. Тие на својот репертоар ги имаат песните на славниот македонски пејач, а изведбата ќе биде нивна, но во оригинален аранжман.
Концертот ќе се одржи во културниот центар во Битола на 28 јануари во 19 часот, а влезниците се по цена од 70 денари. Гости на детскиот хор „Ѕвончиња“ ќе бидат групите Калабалак и Мелодиум, кои заедно со дечињата ќе помогнат за посетителите да имаат одлична вечер.
Сите средства собрани од концертот ќе бидат донирани во зоолошката градина во Битола за изградба на ново живеалиште на малото нилско коњче.
Хорот „Ѕвончиња“ е формиран во 2006 година и во него членуваат околу 40 деца. Тие веќе имаат повеќе настапи во регионот и пошироко.
Концертот ќе биде под наслов „Пееме до ѕвездите“. Еве како се прави концерт посветен на Тоше Проески. Браво Ѕвончиња.