Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Трета димензија сними песна за Тоше Проески Wed Jan 25, 2012 4:03 pm | |
| Во чест на неговиот роденден
Трета димензија сними песна за Тоше Проески
Прилепскиот состав Трета димензија во чест на роденденот на Тоше - 25-ти јануари, ја сними песната Ден за тебе. Автор на текстот е Душко Темелкоски, на музика од Битлси - Good Night. Се снимаше во прилепското Prosound, гитарите се на Рубин Димкоски, а придружните вокали на учениците на средното музичко училиште - Денис Димоски, Ангела Ѓуричанин и Наталија Ристеска.
Промоцијата е закажана за петок, 27-ми јануари, во кафулето Лимит во Прилеп, каде Трета димензија ќе отсвири и неколку песни од репертоарот на Тоше Проески.
За Free download песната ја имате ТУКА, а текстот е веќе прикачен на YouTube!
Инаку, во Трета димензија, на местото на Дарко Ристески, како гитарист сега е Антонио Гешоски, а тука се и старите членови: Душко Темелкоски (клавијатури) и Даниел Павлоски (вокал).
Датум: 25.01.2012.
|
| |
|