Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Лазаров: Победата е за Тоше, за Македонија и за мојот син! Wed Jan 25, 2012 10:27 pm | |
| Македонскиот капитен Кирил Лазаров со 10 погодоци беше најдобриот наш ракометар во победата на Македонија со 22:19 над Србија во клучниот натпревар од групата „Еден“.На прес-конференција по завршувањето на мечот Лазаров изјави дека Македонија со оваа победа е многу блиску до олимписките квалификации и истата особено ја посвети. - Оваа победа им ја посветувам на цела Македонија, на мојот син и на Тоше Проески, изјави капитенот Лазаров по мечот. Доколку Унгарија вечерва ја победеше Хрватска, тогаш Македонија без разлика н исходот од дуелот во петок ќе обезбедеше пласман во квалификациите за Олимпијадата, но сепак Словенија остана на третото место, па со нив во петок директно ќе се судриме за пласман во квалификациите на ОИ. -Жалиме што Унгарците не ги победија Хрватите, па сега со Словенија ќе треба да играме за квалификации, што значи дека следува уште една борба, изјави Лазаров. | |
|