Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Пијано преработка на „Полско цвеќе“ во чест на Тоше
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Пијано преработка на „Полско цвеќе“ во чест на Тоше Thu Mar 22, 2012 1:44 pm
Во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, 20-годишниот Боби Мојсоски и професорот по клавир Јован Василевски, неодамна направија пијано пеработка на еден од најголемите хитови на Тоше, „Полско Цвеќе“.
Двајцата музичари преку несекојдневен аранжман само со клавир и вокал ја преработија песната за која двајцата велат дека им е една од омилените од најдобриот артист на Балканот. Боби Мојсоски и стана познат на јавноста по неговото учество на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија со песната „Те краде тој“, за која тој ја освои наградата за Најдобра вокална интерпретација и го доби третото место за најдобра песна на фестивалот „Дискавери“ во Варна. Минатата година тој исто така се здоби со уште едно признание од Интернационалниот музички арт фестивал „Езерски Бисери“ кој е дел од Светската Асоцијација на Фестивали на кој ја освои наградата Прв Лауреат (1-во Место) во дисциплината Естраден Вокал од четврта категорија (19 - 25 години). Наскоро публиката може да очекува и нов видео запис од Боби снимен за нумерата „Ќе нема следен пат“ од авторскиот тим Лазар и Магдалена Цветкоски, која беше изведена на Макфест 2011. Видео записот се снимаше во клубот Калео во Охрид, а го работи DEC Productions.
Пијано преработка на „Полско цвеќе“ во чест на Тоше