Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Гробот на Тоше во заборав од институциите Thu Apr 12, 2012 9:23 pm | |
| Потресна приказна, која во исто време е и голем срам за Македонија, пренесе „Дневник“. Имено, весникот пишува дека гробот на нашата легенда Тоше Проески и нема ништо од ветувањата дека неговиот спомен достоинствено ќе се чува од заборав. Пред четири ипол години, кога го изгубивме, државата ветуваше дека вечното почивалиште на нашиот Тоше ќе изгледа како што заслужува, но од тоа останаа само празните ветувања. Наместо некој да се погрижи за достоинствено да почива во мир, поважни беа милион други работи, од спорови за земјиште, до тоа кој колку направил за зачувувањето на неговиот лик и дело и се разбира кој ќе го земе „колачот“ од заработката од неговите песни и албуми. Според тоа што го пренесе „Дневник“, луѓето кои се задолжени да го „одржуваат“ неговиот гроб, секојдневно мака мачат да ги покријат дупките и пропаднатите плочки со вештачката трева и мечињата кои посетителите ги оставаат кога доаѓаат да го посетат. Како што поминуваат годините, така и институциите забораваат на Тоше и за тоа што тој преставуваше и ќе преставува за Македонија. Сите беа први јавно да ја искажат тагата поради неговата смрт, се јавија илјадници заколнати почитувачи кои ќе сторат нешто, но само си ги наполнија џебовите уништувајќи го споменот за Тоше. Постојано префрлувани од едно место на друго со одговор дека се ќе се среди, гробот се повеќе и повеќе пропаѓа. Како ќе се одбележат петте години од неговата смрт во такви услови не ни е јасно. Со какви впечатоци ќе си заминат луѓето кои патувале илјадници километри само за да го посетат неговото вечно почивалиште? Никој не заслужува на ваков начин да се уништува споменот, особено не некој како Тоше. | |
|