Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Лилјана Петровиќ ќе работи со Калиопи - тимот на поп-дивата бега од македонските новинари? Fri Apr 27, 2012 5:02 pm | |
| Менаџерката на Калиопи, Лорета Андоновска соопшти дека поранешната менаџерка на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ е дел од евровизискиот тим на Калиопи. Лилјана поканата ја добила откако тимот на Калиопи заклучил дека за подобро лобирање на Евросонг потребни се искусни и компетентни луѓе. Лилјана била првиот човек кој решиле да го контактирааткоја со своето евровизиско искуство може да даде голем допринес за Македонија. „Со тоа таа само уште еднаш ја докажа нејзината поврзаност и љубов кон Македонија и затоа сме и многу благодарни“, стои во официјалното соопштение. Во тимот се вклучени и сите досегашни соработници од менаџерскиот тим на Калиопи надвор од Македонија кои со нивното долгогодишно евровизиско PR искуство допринесуваат многу за презентацијата на нашата песна и изведувач во Баку. И ете дојдовме до момент кога Лорета со новинарите со кои до вчера имаше, колку-толку добра соработка да комуницира само преку официјални соопштенија. Ако тимот мисли дека јавноста кај нас е толку небитна и деталите треба да ги дознава само на ваков начин, тогаш не вреди ништо да се коментира. Ние ќе гледаме од страна и еве може некогаш да помогнеме околу преводите од англиски на македонски или обратно, бидејќи странците станаа поголеми „фраери“ од новинарското лоби кај нас, кое не треба да се потценува. Со среќа на Калиопи и Лорета. | |
|