Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Спомен - куќата на Тоше Проески претпладнето беше затворена
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Спомен - куќата на Тоше Проески претпладнето беше затворена Tue Jun 12, 2012 6:37 pm
Вработените во спомен куќата на Тоше бараат плати и решенија
Спомен куќата на Тоше Проески утрово беше под блокада на 17 привремено вработени кои бараа да им се исплатат 4 заостанати плати и решенија за постојано вработување. Директорката вели дека проблемите биле надминати, а спомен куќата во текот на денот повторно била отворена за гости - вработените го прифатиле и ветувањето дека платите ќе им бидат исплатени во најскоро време.
Спомен - куќата на Тоше Проески претпладнето беше затворена. Поради неисплатени четири плати и поради раскинување на договорите 17 привремено ангажирани работници го запоседнаа објектот и ја блокираа неговата работата.
Бараат договорите за привремено работно ангажирање да им бидат заменети со решенија за постојано вработување бидејќи, според нив, спомен - куќата на Тоше Проески во Крушево остварува сопствен приход и е под надлежност на Министерството за култура.
Од управата потврдуваат дека во спомен куќата се вработени 26 лица, од нив 17 со договор на определено време. Поради недостиг на средства не се исплатени четири плати во просек од по 10 илјади денари.
И локалните власти од Крушево тврдат дека се вклучени во решавањето на проблемот. Со надлежните од Министерството за култура бараат начин како да бидат исплатени заостанатите плати, а според финансиските можности дел од времено ангажираните постојано да бидат вработени. По нивно инсистирање попладнето штрајкот е прекинат, а работата на спомен куќата Тоше Проески деблокирана.
Спомен - куќата на Тоше Проески претпладнето беше затворена