Toše Proeski Fan Radio
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Toše Proeski Fan Radio

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeLatest imagesRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него 592176_157460300950194_1971843220_n
March 2024
MonTueWedThuFriSatSun
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Тоше има двојник во Србија
Vozač kamiona Kuzmanović koji se sudario sa Tošinim touaregom!
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Toše Proeski možda nije mrtav?!...
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Toše Proeski - Limenka (tekst) - MK
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 113 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 416 messages in 365 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Fan Radio on your social bookmarking website

 

 Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него

Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin
Tose Fan Radio


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него Empty
PostSubject: Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него   Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него EmptySun Aug 12, 2012 4:43 pm

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него 600full-tose-proeski-live-collection--219x300

5 години го чуваат споменот за Тоше не даваат никој да го заборави времето кога еден ангел чекореше на земјата. Десетина млади луѓе се главните координатори на фан групата која го одржува споменот за Тоше.

Велат се трудиме да се носиме со големината на неговото име.

Но овие млади луѓе со големи срца тоа го прават беспрекорно, жртвувајќи го своето време посветени да се продолжи мисијата на Тоше – не потсетуваат на големите дела на нашиот голем Тоше, не потсетуваат да бидеме хумани, да не заборавиме дека треба да сме среќни што го имавме како наш.


Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него IMG_0483_resize-300x225Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него 270185_10150266759167073_1582832_n-300x225

Секогаш зборуваат во името на Тоше – ниту збор за себе, дури и додека го правевме интервјуто ние ги прашуваме кои се луѓето кои ја одржуваат и успешно ја водат фан групата, а тие одговараат – ние сме 10 сетина луѓе за кои Тоше беше икона, пример, … Ние повторно прашуваме кои се луѓето кои несебично се грижат за споменот на Тоше да се шири и одржува. Се насмеаа и одговорија. Сите негови фанови – ние сме само администратори, но споменот на Тоше всушност го одржуваат сите 335000 фанови, но сите оние кои постојано постираат негови песни, дел се од нашите хуманитарни акции дел се од се што се однесува на Тоше.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него Logo10.jpg-300x153Ана Георгиевска, Марија Илиевска, Иван Георгиевски, Елена Мишиќ, Александра Зафировска, Војче Колевски, Ивана Таневска, Ена Абјаниќ, Мартина, Сузана Стојковска – Нина е од Осло, Леила од Сараево

- ОВА СЕ ЛУЃЕТО КОИ НЕ ПОТСЕТУВААТ НА ВРЕМЕТО КОГА ЕДЕН АНГЕЛ ЧЕКОРЕШЕ НА ЗЕМЈАТА.

* Го чувате споменот за Тоше – ги обединувате неговите фанови. Кога започнавте со страната?

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него IMG_10431-225x300Нашиот Фан Клуб Форум е првата страна која му е посветена на нашата најголема музичка ѕвезда Тодор Проески. Го чуваме споменот за Тоше се трудиме тоа да го правиме на најдобар можен начин токму како што му доликува на на неговиот лик и дело. Овој наш форум ги обединува и ги спојува фановите ширум целиот свет и најважно е тоа што сме единствените кој сево ова го започна додека тој беше со нас. Горди сме и посебна е честа која ја имавме да ја следиме и неговата музичка кариера.

Ние официјално постоиме од 16 –ти јануари 2007 година. Ние, основачите на форумот (администратори и модератори) ова дружење го започнавме на еден друг форум кој за жал денес не постои, бевме во очекување на официјален фан Клуб тоа не се случи, за наша среќа го формиравме нашиот форум пред несреќата, нашата цел беше повеќе од јасна, ја следевме неговата кариера и бевме неговата верна сенка кон патот до успесите кои беа се побројни како на домашната така и на меѓународната сцена. Денес единствената смисла на нашето постоење е продолжување и почитување на неговиот лик и неговите хумани дела.

* Сега има колку точно фанови на страната?

Денес нашиот Фан Клуб Форум има над 10 500 члена, имаме и своја официјална фб страна и група која има 335.000 негови следбединици.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него Get_slika_original-300x164* Но нема само од Македонија туку од целиот Балкан. Од каде се има фанови на фан страната?

Фанови има од секаде од Македонија, од целиот Балкан од Европа, Азија , Австралија Америка, Африка едноставно од целиот свет. Нашиот форум е најубав пример за тоа дека љубовта кон Тоше нема граници.

Почнувајќи од основачите кои живеат во Норвешка и БиХ. Па се до членовите распостранети низ целиот свет.

* Зошто започнавте со страната? би сакала да ми зборувате повеќе за вашата посветеност на Тоше, сте билe негови фанови – што за вас значи Тоше.

Зошто? Едноставо Тоше пленеше со својата харизма, убавина , глас со сите свои квалитети. Не е тешко да се сака човек како него, човек кој беше пример и идол за сите, како за постарите така и за нас помладите, за неговите врсници, Тоше беше едноставно зрачеше и привлекуваше внимание . Подготвен да ја подели својата топла насмевка и прегратка и внимание на секому и кога беше најуморен тоа вешто го прикриваше и секогаш им посветуваше премногу внимание на сите каде и да се наоѓаше . За неговите хумани дела знаеме сите за дел од нив дознаваме и постхумно. Од сево ова произлегува и нашата љубов и нашата посветеност. Тоше за нас е икона, благодарни сме му на Бога што беше наш и што ја имавме таа чест и привилегија да живееме во исто време. Како што знат да кажат фановите време кога еден Ангел чекореше по земјата.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него 532582_10150713847652840_522125703_n-300x200

* Колку луѓе се грижат за страната на Тоше? Одзема ли време грижата за страната?

За фан клубот се грижат тројца аднинстратори –модератори. Додека за страната и групата на фб имаме повеќе админитратори. Време секако дека е потребно, се трудиме да им бидеме секогаш достапни на нашите ченови, но имаме и разбирање кога поради приватни и службени обврски не сме во можност. Затоа пак ние се трудиме да се надополниме меѓусебе.

* На сајтот се обидувате да ја потикнете и хуманоста кај луѓето – успева ли?

Како што спомнав денес единствената смисла на нашето постоење е токму тоа продолжување на хуманиот пат на Тоше. Ние како фан Клуб Форум организираме хуманитарни акции под името “Тошев мост на љубовта“, во сите екс Ју републики + Бугарија. Секоја држава во определен месец ја одржува акцијата и се посетува определена иснтитуција по претходен договор меѓу членовите. Се собират финансии од сите кои се спремни да учествуват на било кој начин, за секоја држава е определен кординатор кој ја води самата акција и секако овде е битна подршката на сите членови кои се спремни да излезат на терен и да ја реализират акцијата. Се започна од декември 2007 година со посета на Домот за деца без родители 11 октомври во Скопје. Досега посетивме многу институции, домови за деца без родители, жени и деца жртви на семејно насилство, болници, музички училишта, домови за хендикепирани,стари и изнемоштени лица и други институции и поединци.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него Tose-20proeski-3-225x300 Што најчесто пишуваат фановите?

Па слободно можам да кажам се, средби и запознавања меѓу членовите, посета на Крушево, на спомен куќата манастирот Св.Преображение. Секако средби и дружења со Тоше како приватно така и на концерти.

Од каде наоѓате информации, фотографии – гледам ги имате многу на страната?

Денес се што сакате можете да најдете, информациите за секого се достапни и ги имате на дланка, интернетот е можеби најзаслужен за тоа. Ние како форум имаме ахрива со слики и снимки од настапи и концерти, на кој биле присутни наши членови, и информации пред и по несреќата.

Делат ли со вас можеби свои лични приказни поврзани со Тоше? Некој го сретнал, го запознал или слично.

Да, секако. Тоа се најубавите спомени за сите нас. Тоше привлекуваше внимание и со самите појавувања по медиумите а можете само да замислите како тие моменти со фановите беа значајни и за него и за нас.

Ти си млада девојка – а посветена си на зачувување на споменот на Тоше максимално. Останува ли време за други твои активности?

Марина – Да, време има за се ако добро го организирате, а ние учевме од најдобриот и јаc и сите кои се вклучени во сево ова си ги исполнуват своите обврски и предизвици кои ги носи животот и како што рековте сме максимално посветени и спремни да направиме се во името на Тоше.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него PIC_0030-300x225Кои се луѓето кои го одржуваат споменот на Тоше преку оваа страна?

Па едноставно сите, почнувајќи од нас, Тимот адм-мод, Тимот од десетина млади луѓе во Скопје кои можеби имат најголема обврска и работа на терен приготвувајќи се за нашите дополнителни активности. Сите челенови кои ги прават успешни акциите кои ги одржуваме – Датумите кои се врзани со името на Тоше…

Дали сте имале некој контакт со семјеството на Тоше – неговиот внук можеби?

Во контакт сме со целото семејство, со фондацијата Тодор Проески, со неговите соработници.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него CIMG9956-225x300Како официјална фан група имате ли и други активности за зачувување на споменот на Тоше?

Секако имаме и дополнителни ако не и главни активности. Како форум ги одбележуваме сите важни датуми поврзани со името на Тоше на свој начин. Дел од работите кои се поклонети денес завземат свое место во спомен куќата, се надевам дека и конечно ќе биде уредена оградата во близина на лирата во Крушево, на која требаше да се постават ноти од култната песна Тајно моја.

Исто така дека и телескот ќе си најде соодветно место. Во Скопје на 25-ти јануари, за роденденот на Тоше фондацијата ја добива потребаната помош околу организирањето на концертите кои се организират во негова чест. Ние го одбележуваме и 5-ти октомври (денот кога се одржа последниот концерт и дружење на Тоше со својата публика) со традицоналниот настан “Биди и ти дел од звезденото небо на Тоше”, во тек се подготовките и за годинава.

На двата датуми организираме и традиционални крводарителски акции под името “Јас штотуку спасив живот , а вие?” или Тошефан во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Меѓународната Фондација Тодор Проески и сме презадоволни и благодарни до сите крводарители кои со својата капка крв се спремни да спасат нечиј живот, да го продолжат хуманото дело на Тоше и ги прават овие крводарителски акции едни од најуспешните.

Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него Spek-tose-300x179Незнам што повеќе да додадам, колку и да се зборува и пишува за Тоше за неговото дело и лик е премалку. За сите нас Крушево е нашиот втор дом, нашиот Тоше е таму, градот живее во неговиот дух. Физичкото отсуство е болно и тешко и по пет години за сите. Во градот е толку присутен и толку отсутен во исто време.

Има уште многу да се каже, Ние и понатаму ќе настојуваме да работиме во негово име. И се надеваме дека како негови наследници и ученици достојно ќе го чуваме и негуваме неговото лик и дело и ќе се трудиме да се носиме со големината на неговото име.

Фан страната на facebook – www.facebook.com/Proeski.Tose
Back to top Go down
https://tosefanradio.forumotion.com
 
Времето кога ангел чекореше на земјата – Тоше – неговите фанови не дозволуваат да избледи споменот на него
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» ПРАВНА НУЖНОСТ ИЛИ ДРЖАВАТА ШТЕДИ НА СМЕТКА НА СПОМЕНОТ ЗА ТОШЕ?
» Пет години без Тоше
» Тоше е човек во кој додека гледаш сфаќаш колку маани имаш ти - дел од биографијата за Тоше Проески
» Хуманитарен концерт на Тоше Илиев - „По патеките на Тоше (Проески)“
» Балканот ќе пее за Тоше

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Fan Radio :: News Flash/Vijesti-
Jump to: