Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше и „Зајди зајди“ цензурирани на „Филип Втори“!? / libertas.mk Tue Sep 11, 2012 10:32 am | |
| На прославата на денот на независноста 8 Септември која се одржа во Арената „Филип Втори“, на музичкиот хепенинг било планирано да се пушти снимка од Тоше Проески, како ја пее „Зајди зајди“, дознава Либертас. Браќата Тавитијан, според нашиот извор се обратиле до продукцијата „Аворд“ и побарале дозвола и Тоше, како најголема музичка звезда на Македонија, да биде дел од мега проектот. Од продукцијата им ја дале снимката од концерт на Тоше во Бања Лука, каде што ја испеал една од најубавите македонски песни „Зајди зајди“. Но некој направил цензура и снимката не беше пуштена вечерта на 8 Септември во „Филип Втори“. Зачудени од ова, продукцијата и блиските на Тоше, според нашиот извор, побарале објаснување зошто не била пуштена снимката по што им рекле одговор да бараат во Министерството за култура. Оттаму извесна Биљана им дала објаснување дека одлучено било да не ја пуштат оти песната била многу „тажна“ за ваквата пригода. За цензурирањето на Тоше не успеавме да исконтактираме со браќата Тавитијан, кои ја осмислија големата забава во арената. Утрово тие беа недостапни на своите мобилни телефони. | |
|