Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Мозаик во форма на солза во чест на Тоше Wed Sep 19, 2012 5:11 pm | |
| Голем мозаик во форма на солза со ликот на балканската поп - ѕвезда Тоше Проески изработи Ристо Тошески - професор по физичко воспитување од Прилеп.Физичката, духовната и уметничката талентираност тој ја трансформираше во големо дело за голем човек. Мозаикот, вели Тошески, макотрпно го работел 4 години. Секој заштеден денар од семејниот буџет го вложувал во ова дело. Секое камче го изработувал рачно, а воден од голема љубов кон Тоше на мозаикот решил и го изработил ангелот од Курбиново, 26 цвеќиња кои ги симболизираат годините на Проески, две цреши и виолинскиот клуч. Тука, вели Тошески е и пораката која беше заштитен симбол на Тоше „Ве сакам сите“. Мозаикот го откри специјално за Канал 5, на ден пред одлуката на локалните власти да го преземат и да го постават во центарот на градот во близина на домот за култура „Марко Цепенков“. Ќе биде сместен во мало езерце, автентично уредено и со специјални ефекти осветлено, и дење и ноќе ликот на Тоше ќе одблеснува од водата. Се чека согласност од Фондацијата „Проески“ мозаикот да биде поставен до 16 октомври – денот кога трагично загина Тоше близу Нова Градишка во Хрватска. Зоран Момироски | |
|