<p>
Стопроцентни се шансите за успех на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески на англискиот пазар, сметаат англиските продуценти.
- Името Тоше звучи пријателски и затоа нема да го менуваме кога ќе го презентираме во јавноста. Ретко е да се најде пејач со толку голем талент. Инвестицијата во него вреди и знам дека нема да изгубиме пари - рече менаџерот Ричард Енглер на вчерашната прес-конференција во скопскиот „Холидеј ин“.
Кариерата во Англија Тоше ќе ја почне со снимање песни што ќе го истакнат неговиот вокал, со нов имиџ, реализирање спотови и со фотосесии. Во наредниве четири години, тој ќе сними три албуми, а за неколку недели ќе отпатува во Јамајка, каде што ќе сними спот и ќе се прават песни за неговиот прв проект.
- Време е да се покаже Тоше на светот. Тој е фантастичен вокал и вие како народ сте среќни што го имате. Голем плус е што знае и самиот да создава музика. Најважно од се' е луѓето да го запознаат преку песните што ќе ги пее, а тие ќе бидат во различни стилови. Уште во првите два часа од нашето запознавање се роди чудна хемија меѓу нас, која придонесе за два часа да напишам песна - вели копмозиторот Енди Рајт.
Тој е познат англиски композитор кој работел на последните шест албуми на „Симпли ред“ и за нив создал 50 песни. Соработувал и со Ени Ленокс („Јуритмикс“), Шинед О’Конор, Натали Имбрулија. Ричард Енглер, пак, кој во изминативе години соработувал со музичките ѕвезди Роби Вилијамс, „Ролинг стоунс“, „Еј-си ди-си“, истакна дека Проески во Англија ќе биде претставен со неговото вистинско име.
Тоше Проески, пак, нагласи дека верува во квалитетот на својот тим и се надева на успех. Зад неговата кариера ќе застане британската агенција за промоција, „Пипл ин моушн“, „Аворд продукција“ и „Фајнл кат