Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Subject: TОШЕ ПРОЕСКИ ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА (21.12.2006) Fri Dec 21, 2012 11:00 am
Емотивна изведба од името на хуманоста
Парите собрани од влезниците и од јавувањата на телефонот за донации ќе бидат наменети за разубавување на просторот пред Детската клиника во Скопје и за изградба на игротека
Со силни вресоци, скандирања на неговото име и првите тактови на „По тебе“ почна двочасовната забава со песна и музика што Тоше Проески завчера, од името на хуманоста, ја приреди во Универзалната сала во Скопје. Концертниот простор беше претесен за да ги собере сите што сакаа да уживаат во песните на големата ѕвезда и да пеат заедно со него. Меѓу публиката беа и неговите верни обожаватели, лицата со посебни потреби, за кои Тоше отсекогаш беше и денес е најголема ѕвезда. За тоа сведочеа и неколкуте транспаренти на кои пишуваше „Тоше те сакаме“ и „Тоше, ти си нашата најголема ѕвезда“!
Одлично подготвен и со беспрекорна професионална поддршка од својот бенд, Проески во живо ги отпеа своите нови, потсети на старите хитови, но и изведе неколку странски композиции, кои, како што рече, му се едни од најомилените. И овој пат, неговата харизматичност, милост и, пред се', убави стихови, направија публиката да падне во делириум и постојано да го наградува со громогласни аплаузи и силни вресоци. И самиот Тоше не можеше да остане рамнодушен на изјавите на љубов и силните емоции што можеа да се почувствуваат во салата и неколкупати кажа дека најубаво му е кога пее дома, за својата публика и дека, едноставно, се чувствува прекрасно меѓу своите обожаватели.
Тоше приреди и мало изненадување со што го смени класичниот концепт на своите концерти. Се фати за гитара и во придружба на групата изведе неколку свои, но и странски хитови. Кога ги запеа старите „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“ публиката возврати со огромен аплауз и ги испеа заедно со него. За разделба од најверните фанови ја запеа „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ и најави дека и в година повторно ќе запее за сите на кои помошта и вниманието им се најпотребни. И покрај скандирањето на присутните, сепак, не се врати на бис.
Ова е веќе петтиот хуманитарен новогодишен концерт на Тоше Проески. Парите собрани од влезниците и од јавувањата на телефонот за донации ќе бидат наменети за разубавување на просторот пред Детската клиника во Скопје и за изградба на игротека.