Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Учениците од Кичево пееја за Тоше Sat Oct 22, 2011 11:53 am | |
| Со литературни читања и изведби на песни од Тоше, учениците од ОУ „Кузман Јосифоски–Питу“ од Кичево го одбележаа 16 октомври, денот кога пред четири години загина нашиот познат пејач и хуманист Тоше Проески- Под мотото „Пееме за Тоше“ во нашето училиште организиравме музичка програма во која централно место имаа песните што во својата музичка кариера ги испеа Проески. Училишниот хор, оркестарот и повеќе ученици изведоа песни од Проески, а нашиот Павароти, Максим Николаески, инспиративно ја испеа песната „Громови на душа“. По неговиот настап оркестарот на флејта ја изведе последната песна, која пред несреќата ја испеа нашиот Тоше, „Игри без граници“ - изјави Валентина Лазареска, заменик-директор на ова училиште. Исто така, пред присутните ученици, наставници и пред гостите во аулата на училиштето беа прочитани прво наградените шест труда од литературниот конкурс на тема „Пееме за Тоше“, а ученичката Габриела Конеска се претстави со книжевна творба во која беа вклопени повеќе цитати од неговите песни. - Одлучено е овој ден, 16 октомври, традиционално, да се одбележува секоја година за да се потсетиме на денот кога од овој свет замина нашиот музички идол - рече Лазареска. | |
|