Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Пак одложено судењето за несреќата на Тоше Tue Nov 01, 2011 3:06 pm | |
| 10.06.2009Нема судење без да се обезбеди возачот на камионот, Славиша Кузмановиќ Само десетина минути траеше вчерашното рочиште на судскиот процес, кој се води против Ѓорги Ѓоргески, обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, односно за загинувањето на пејачот Тоше Проески. И вчерашното одложување на судењето дојде по констатацијата на судот дека не постојат сигурни докази кои би потврдиле дека возачот на камионот во кој удри „туарегот“ на Проески. Судот кажа дека од нашето Министерство за правда се испратени копии со кои се потврдува дека од српското ресорно министерство се бара Славиша Кузмановиќ да биде повикан на распит во Скопје. Со оглед на тоа што одбраната на обвинетиот Ѓоргески инсистира на распит на предложениот сведок, како и пред три месеци, судот мораше да го одложи судењето, а продолжението да го закаже за средината на октомври. (Љ.С.) | |
|