Одложено судењето за Тоше поради отсуство на возачот на камионот30.03.2009
Одложено судењето на возачот и другар на Тоше Проески, Ѓорѓи Ѓорѓиевски. Од Србија не пристигна возачот на камионот Славиша Кузмановиќ кој требаше да биде распрашан како сведок за сообраќајката од пред скоро година и пол кога загина мега ѕвездата.
Одбраната на Ѓорѓевски, возачот на камионот го смета за клучен сведок кој не е доволно испрашан од истражните органи во Хрватска, ниту пак од судот во Белград.
Вештачењето направено во Македонија укажа дека Ѓорѓиевски возел на автопатот кај Нова Градишка со 150 километри на час, што е за дваесет километри помалку од она што се тврдеше во хрватското вештачење.
Ѓорѓиевски во судот посочи дека на автопатот имало џебови од магла, а кога го забележал камионот, закачената приколка се движела лево-десно.
Судењето е презакажано за во јуни. Дотогаш преку министерствата за правда и надворешни работи на Србија и Македонија, ќе се направи обид возачот на камионот да се обезбеди и да присуствува на судењето.