Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Светот избра-Тоше победи ? Fri Nov 04, 2011 6:32 pm | |
| Спомен куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево и последниот ден од гласањето води со повеќе од 14.890 гласови, пред останатите финалисти во трката за најдобар објект по избор на публиката во 2011 година.Светската јавност ја имаше можноста да го даде својот глас за избор за најдобар објект за 2011 уште денес по електронски пат на веб страницата на „Open buildings“. Спомен куќата на Тоше Проески која е дело на архитектите, Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, убедливо води пред проектот „Атмосфера“ во Калкута, Индија и Музејот на сеќавање и толеранција во Мексико сити, Мексико, кои имаат двојно помалку гласови. Во изборот за најдобар објект биле пријавени повеќе од 1.000 проекти, но право на учество добиле 704. Победникот ќе биде објавен денеска во Барселона, за време на доделувањето на наградите на светскиот фестивал за архитектура и фестивалот за ентериер „Inside World Festival“. | |
|