30 март 2009, 19:20
Славиша Кузмановиќ, возачот на камионот е клучен сведок и без него не може да се утврди вистината за несреќата во која загина Тоше Проески. Токму затоа адвокатот на Ѓорѓи Ѓорѓиевски инсистира камионџијата да се појави во судница.
“Битен е затоа што е 2 учесник во сообраќајната несреќа.Неговите аргументи треба да се соочат со аргументите на обвинетиот.Неговиот исказ е клучен доказ од кој подоцна ќе зависи дали ќе бараме ново вештачење“ изјави Силвија Џилвиџиева, адвокатот на Ѓорги Георгиевски.
Српскиот возач не дојде во кривичниот суд во Скопје. Општинскиот суд во Белград се уште му нема врачено покана. Сега скопскиот суд ќе достави ургенција преку македонското министерство за правда да го обезбеди Кузмановиќ. Тој веќе сведочеше за несреќата и тоа во судот во Белград. Но тоа за адвокатот на Георгиевски не е нерелевантно оти зборувал пред суд кој не постапува по досието. Џилвиџиева го спори и вештачењето направено во истрагата, недостасувале одговори од Кузмановиќ за клучните моменти на несреќата.
Дали кабината на камионот, како што тврдеше Ѓеоргиевски, навлегла половина метар во лентата по која се движел туарегот, ќе каже Кузмановиќ ако дојде на следното судење закажано за два месеца.