Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Калиопи „плукаше“ во 2004-та, но сега тркалото се сврте! Fri Dec 02, 2011 7:43 pm | |
| „Евровизија е предизвик за секој изведувач. Ве молам за вашата поддршка“, ова беше во секоја втора реченица на Калиопи упатена кон новинарите и медиумските куќи на прес конференцијата која се одржа во просториите на МРТВ пред околу половина час. Несекојдневна прес конференција која повеќе наликуваше на фалби и честитки од новинарите, наместо да се направи конструктивен разговор со медиумите и на некој начин да се најде решение и одговор зошто МТВ ја одбраа Калиопи без никаква претходна најава. Македонската Телевизија како никогаш досега посамоуверена, па дури и вообразени изјавуваа дека овојпат направиле вистински избор, што изгледаше како признавање дека претходните години грешеле. И двете страни, Калиопи и МТВ, го немаат зборот „неуспех“ во нивниот речник, па на прашањето на БезПардон зошто се толку самоуверени и дали треба да се водат од неуспехот на Македонија на Евровизија кој не следи од 2008-та, Калиопи дипломатски одговори: „За неуспехот ќе размислуваме после. Сега не размислуваме на тоа. Секој успех, но и неуспех е лично мој, па затоа ризикот е голем, но јас го преземам. Затоа ве молам за вашата поддршка“, уште еднаш замоли Калиопи. На тврдењето на колегите од Бекстејџ дека имаат докази дека во 2004-та година, Калиопи со тогашниот оператор Мобимак, планирале да го бојкотираат Тоше Проески, поради начинот на кој бил избран, се крена тензијата, па македонската култура не можеше а да не излезе на површина, па пристните почнаа да негодуваат и да дофрлуваат, не дозволувајќи и на новинарката да се изјасни. Тие прашаа зошто кога бил избран Тоше, тоа и сметало на Калиопи, а сега неколку години подоцна таа ќе не претставува на истиот начин. Калиопи видно навредена од редакцијата на Бекстејџ, како да се оправдуваше велејќи дека со Тоше биле пријатели и планирале дует, а на колегите им порача слободно да ги објават сите докази и црни работи, бидејќи не очекува ништо помалку од нив, додека таа ќе се занимава со други работи.
Единствената разлика оваа година која ќе ја има на Скопскиот фестивал е во поддршката на новинарите на Калиопи. Целата оваа работа ни изгледа како зборење во празно, бидејќи сите знаеме зошто и како е одбрана Калиопи, но никој не смее да каже. Калиопи дури ја замоли државата за прв пат да застане зад македонскиот претставник, истата држава со која до неодамна не се „мирисаше“! Што се смени и што ќе се случи „живи биле па видели“, а околу сите стандарни подготовки за нашето претставување, допрва ќе ве известиме.
Силвана Јовановска
БезПардон.Мк
| |
|