Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Борче Стојановски Џеронимо - Ден на Тоше Fri Dec 02, 2011 8:39 pm | |
| Ден на Тоше- Kако што порано во Југославија го славевме 25 мај- денот на младоста, предлагам да имаме ден на Тоше, на кој младите нема да учат, да се организираат безброј манифестации во Mакедонија и ќе се потсетуваме на примерот и аманетот наТоше, предлага скопјанецот Борче Стојановски Џеронимо.Тој е познат колекционер на кутивчиња, има 2.200 кутичиња, а ги има во секакви форми и од целиот свет. Тој вели дека нив најчесто ги наоѓа на улица или ги добива од пријатели. Ги собира веќе од 20 години.Пред неколку години му испратил писмо на султанот од Брунеи.- Дознав дека султанот е страсен колекционер како мене. Тој на автомобили, јас на кутичиња од кибрит. Му пишав дека сакам да одам во неговата земја и да ја видам неговата колекција. Во писмото го замолив, ако сака,да ми испрати 40.000 долари за патување низ европа,бидејќи животна желба ми е да патувам и од секоја земја да имам неколку кутичиња.Поминаа неколку години, а од султанот ништо. еден ден неочекувано ми пристигна мало пакетче од Брунеи. во него имаше дваесетина кутичиња за кибрит од хотели, ресторани и со пејзажи од Брунеи.Пакетчето со потпис на султанот го продадов, а денес тие кутии ги чувам како нешто најсвето - раскажува тој.Kутичињата на Стојановски досега "прошетале" низ неколку градови во Mакедонија и секаде предизвикувале голем интерес.- Пред неколку години имав изложба во Скопје. дојде еден Англичанец и по неколку часа, откако ја разгледа колекцијата, ми понуди 10.000 фунти само за дел од неа. Не ја прифатив понудата, зашто за мене беше незамисливо да се одделам од нив - вели тој.Освен кутии за кибритчиња, Стојановски собира обвивки од разни чоколатца, пенкала и фотографии од него со некоја позната личност. [/color][/size] OBJAVLJENO U AUSTRALSKOM MAGAZINU SHILO ( www.silovesnik.com.au) mjesec 12.
by Валентина Ѓоргиевска Парго | |
|