Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Со музиката на Тоше да помогнеме на Ѓокица Wed Dec 07, 2011 5:36 pm | |
| Интернационалниот Тоше Проески фан клуб форум, Македонска зора, координативното тело на Х.А.М и организацијата „Млади за љубов“организираат хуманитарна забава на 11 декември, недела, за помош на Ѓокица Величковиќ. Во „Make Up“ или поранешен клуб Кастро под железничката станица, од 10 часот навечер ќе се одржи забавата на којашто ќе се пуштаат песни од Тоше Проески, а на влезот ќе има кутија за донации. Организаторите, Ѓокица и неговото семејство се надеваат дека присутните добро ќе се забавуваат, а воедно ќе помогнат и за скапата операција на Ѓокица во Германија. Исто така, за Ѓокица можете да донирате и на жиро сметката за Ѓокица во комерцијална банка со број 300001000021827 или на броевите 075 143 103 на операторот One, 077 143 702 на Вип и 070 143 107 на Т-Мобиле | |
|