Во текот на вчерашниот ден (30.11.2011) заврши симболичното украсување на Општина Аеродром.
Општината и оваа година со украсувањето блесна во новогодишен сјај.Општина Аеродром ги украси со новогодишни сијалички жардиниерите покрај трите главни булевари во Општина Аеродром, од железничката станица, па сè до почетокот на Горно Лисиче.
Исто така, со новогодишни декорации е украсена и детската улица "Тоше Проески", над која е поставенено таканареченото ѕвездено небо.
Украсните новогодишни сијалички Општина Аеродром ги обезбеди уште минатата година. По завршувањето на новогодишните и божиќните празници украсните сијалички ќе бидат повторно складирани за наредните новогодишни празници.
Ова е трета година по ред откако Општина Аеродром одлучи да ги украсува јавните површини за новогодишните празници, со цел да им обезбеди на граѓаните убава претпразнична атмосфера
Инаку, украсувањето го вршеа фирмите "Линк медиа плус", "Магнус" и "Код инженеринг".