Меѓународната фондација Тодор Проески и Министерството закултура на Република Македонија, ги започнаа подготовките за четвртиот меморијален концерт посветен на македонската музичка легенда Тоше Проески.
Концертот, како што информира Фондацијата Тодор Проески, ќе се одржи на 21 јануари и ќе биде поинаков од претходните меморијални настани, со концепт кој произлезе од големата љубов на Тоше кон класичната музика.
Публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми поп хитови во нов оркестарски аранжман, изведени од најголемите оперски пејачи од Македонија и Балканот. Поради потребите од специјална акустика, концертот ќе се одржи во наменски избран простор - Македонска опера и балет, а јавноста ќе го проследи со директен телевизиски пренос.
Повеќе детали за концертот, Фондацијата Тоше Проески ќе соопшти на прес-конференција што треба да се одржи по новогодишните празници.