Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Крушево преполно за новогодишните и божиќните празници
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Крушево преполно за новогодишните и божиќните празници Tue Jan 03, 2012 1:03 pm
Слободни соби нема. Приватните сместувачки капацитети од 2.000 легла по цена од 450 до 800 денари и хотелските по цена од 1850 денари се исполнети. Туристи сместуваат и оние кои ниту планирале ниту досега издавале соби.
Снегот, велат туристите само ја надополнува убавината на градот и неговата околина. Постои едно место каде е доволно да ја подадете раката за да ги дофатите ѕвездите. И сите височини на светот, местата кои се уште го чувствуваат мирисот на ѕвезденото момче, неговата насмевка и неговиот глас и привлечност на балканската поп ѕвезда Тоше Проески. Духот на бесмртниот досега го имаат почувствувано во спомен куќата над 110 илјади негови поддржувачи. Над 2 милиони и 300 илјади крај неговото вечно почивалиште и над милион на неговиот манастир Преображение.
Гости има, сместувачки капацитети и можности за да се задржат гостите постојат. На Крушево му недостига концепт за поголем развој на туризмот.
Во овие зимски новогодишни и пред божиќни празници го напуштаме Крушево. Убедени во неговите убавини и неговите потенцијали за уште поголем развој на туризмот, но без одговор на прашањето зошто со години на крушевчани им недостига потреба да се обединат и да го понудат она што им го подарила природата и нивниот и наш Тоше Проески.
Зоран Момироски
Крушево преполно за новогодишните и божиќните празници