Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Дејан Секуловски : Одиме по стапките на Тоше Sat Jan 07, 2012 6:11 pm | |
| Дејан Секуловски, архитект, еден од проектантите на Спомен-куќата на гумење Тимот архитекти Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, познат како „Синдикат студио“, има успешна година зад себе. Авторите на Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево за ова решение во два месеца добија две награди Каков предизвик беше Светскиот фестивал на архитектурата во Барселона? - Ако се земе предвид фактот кои сé архитекти се имаат пријавено на фестивалот во изминативе години, тогаш слободно може да се каже дека ова е најголем фестивал на светот. Три-четворица од досега пријавените имаат добиено Прицкерова награда, која е Нобел за архитектура. Некои од пријавените имаат по пет-шест проекти, па така само да влезеш во конкуренција е научна фантастика. Годинава имаше 700 труда, а беа пријавени околу 1.000. Голема конкуренција. Беа поделени по категории. Ние бевме во категорија за култура. Во соработка со организацијата „Опен билдингс“, организаторите на фестивалот годинава ја востановија оваа награда, каде што публиката од цел свет го избира најдобриот објект. Другите награди ги доделува комисија. Се гласаше месец и пол. За да биде пореална наградата, се презентираше и пред комисијата. Меѓу трите проекти што имаа најмногу гласови влегоа и Музејот на сеќавањата и толеранцијата од Мексико и идеен концепт за домување во Индија. Очекувавте ли дека ќе влезете во потесната конкуренција? - Во почетокот не, со оглед на тоа каква беше ситуацијата со гласовите. По 10 илјади гласа стигнуваа од Индија и од Мексико. Во почетокот едвај имавме 100, па 200, па 300 гласа.. Ама откако дојде соопштението од фестивалот дека ги следат сите гласови и дека не е дозволено од едно место да се гласа повеќе пати, се оправија работите. Во почетокот немавме никаква надеж, ама како што течеше времето, состојбата се менуваше. Во моментот кога комисијата рече - оставете нé сега да се договориме, помислив дека може и да не победиме. Се сопнав при качување на бината. Не знаеме од кои земји се гласовите. Ни кажаа при доделувањето дека се изненадени од одзивот и дека имало над 100 илјади гласа од целиот свет. Од тие 100 илјади, 15 илјади гласа беа за нас. Како ја примивте домашната награда? - Ја очекувавме наградата за најуспешно реализирано архитектонско дело во Македонија. Тоа е најголемо признание што можеш да го добиеш кај нас, пред сé зашто жирито го сочинуваат еминентни архитекти, што значи дека е доделена од најкомпетентните од нашата фела. Паричната награда планираме да ја донираме во некој дом за деца без родители, токму онака како што правеше Тоше. Одиме по неговите стапки. Што е главен адут на објектот? - Местоположбата на Спомен-куќата можеби беше една од најпозитивните страни. Тоа ни беше најбитно и тоа го препознаа и луѓето во Барселона - дека неверојатно добро се вклопува во околината. И ние на презентацијата им го покажавме амбиентот - со слики од Крушево, од Македониумот... Не бива да направиш не знам каков објект покрај дело какво што е Македониумот. Се смени ли нешто по Барселона? По наградата на Асоцијацијата за архитекти? - По отворањето на музејот имаше многу убави коментари. Во смисла на тоа дека е многу едноставен објектот, дека е доловен Тоше како човек, дека смирува и дека не е претенциозно направен. Кога ќе влезеле внатре, се чувствувале мирно, смирено, сталожено, импресионирано. Пред фестивалот музејот имаше 100 илјади посетители, сега не знам. Можеби и наградите ќе ја зголемат посетеноста. Автор: Биљана Стојановска | |
|