Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше и Ален Славица, на исто цеде Sun Jan 15, 2012 11:29 am | |
| Песната „Сонце во твоите руси коси“ со Тоше Проески, песната „Многу солзи“ со Маја Оџаклиевска и песната “А ја лудујем“ на Ален Славица, ќе бидат дел од новиот албум насловен „Еврофест 2011“.На ова албумско издание ќе се најдат и песните на сите годинашни учесници (Ристо Апостолов, Филип Божиновски, Кицо Стефановски, Боби Мојсовски од Македонија, Жељка Катавиќ Пиљ, Јулија Рутскаја-Киргистан, Ваљона Перај – Албанија, Елиза Нигохозова – Бугарија, Чинчија Роса – Италија), како и евергринот „А ја лудујем“ на Ален, што го испеа по повод добивањето награда за животно дело. Освен овие песни, директорот Костадин Костадиновски одлучи да ги стави и мегахитовите „Сонце во твоите руси коси“ и „Многу солзи“, кои беа изведени на порашнешните фестивали, а за Тоше тогаш тоа значеше и првата фестивалска победа. Мал број цедиња ќе бидат во продажба. Во издание на „Сенатор Битола“ ќе бидат издадени само сто цедиња со песните од овој Интернационален поп фестивал. Причината, според директорот, е тоа што кај нас не се купуваат албуми. И поради економската состојба и поради пиратеријата. „Еврофест“ е фестивал со убав концепт, но последниве години не сосема успешен. Годинава не беше поддржан ниту од Министерство за култура, ниту од Град Скопје, освен што доби морална поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов, за што на Иванов му беше доделено признание од Советот на фестивалот. Валентина Ѓоргиевска Парго БезПардон.Мк | |
|