Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Татјана Стојановска ќе го води меморијалниот концерт за Тоше Проески „Неговите арии – Те сакаме сите“. Sun Jan 15, 2012 5:40 pm | |
| Презентерката Татјана Стојановска од Канал 5 ќе го води меморијалниот концерт за Тоше Проески „Неговите арии – Те сакаме сите“. Се чека конечната потврда од Татјана, која на сцена нема да биде сама. Неа ќе и се придружи уште еден водител, најверојатно водителот кој ја водеше манифестацијата на отворањето на Спомен домот во Крушево. Сценариото го подготвува Огнен Неделковски, со неколкучлена екипа. Концертот ќе се случи на 21 јануари во МОБ. Околу 140 уметници ќе настапат на сцена, под диригентство на Саша Николовски Ѓумар, оперски пејачи од цел Балкан ќе ги пеат неговите песни во оперски стил, ќе свират и маестро Симон Трпчески и Влатко Стефановски, а снимки од Тоше од операта „Деспина и Мистер Догс“ ќе гледаме на бидео бим. Пренос ќе има на Сител, а можеби и на МТВ. Реакции кај дел од помладите фанови предизвика висината на влезниците од над 1.000 денари, кои деновиве ќе бидат пуштени во продажба на билетарата во МОБ. Валентина Ѓоргиевска ПаргоБезПардон.Мк | |
|