Иако беше најавено дека Меморијалниот концерт за легендата Тоше Проески „Неговите арии, Те сакаме сите“ ќе го води Татјана Стојановскa, дефинитивниот избор падна на Ирена Спировска.
Водителската двојка ќе ја сочинуваат Ирена и Борче, поранешен спикер на Македонската телевизија.
Концертот ќе се одржи во сабота, на 21 јануари во МОБ, а утре во Фоајето на МОБ ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат објавени последните детали.
Овој четврти меморијален концерт се прави по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари. Неговите хитови на оперски начин ќе ги изведат познати балкански оперски пејачи, а се на се ќе има 140 уметници на сцена. Концертот е хуманитарен.
Во сабота во попладневните часотви ќе биде отворена и феудалната кула на Мајка Тереза, каде кај параклисот на Тоше фановите ќе може да запалат свеќа во негова чест.
Валентина Ѓоргиевска ПаргоБезПардон.Мк