Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Миле Стојкоски на пат кон Крушево Sat Jan 21, 2012 4:09 pm | |
| Параолимпиецот Миле Стојкоски на 24 и 25 јануари со својата инвалидска количка ќе го изоди патот од Прилеп до Крушево, во чест на роденденот на ангелот Тоше Проески и со цел на неговото вечно почивалиште да му оддаде почит. Ова е традиција, Миле по петти пат ќе оди за Крушево. Од фото албумите од четири досегашни одења во Крушево направи видео спотови со негови фотографии, на песни од Тоше и веќе се ставени на јутјуб. Инаку, Миле и хуманитарната организација “Венера” од Прилеп мометно се во завршна фаза на проектот „Лондон 2012“. Во овој проект, главна активност ќе биде патувањето на Миле на неговата инвалидска количка од Скопје до Лондон, за да пристигне на отворањето на Летните Олимписки игри 2012 година. Предвидено е, притоа, да посети 14 европски земји, каде што постојат реални можности од тие посети да се обезбедат доволно финансиски средства за формирање на Фонд за помош на инвалидизирани лица. За неговото патување потребна му е и финансиска поддршка, која за жал до сега ја нема обезбедено ниту од државна, ниту од владина институција, а ни од бизнис секторот. Благодарение на својата самодоверба, Миле е подготвен да го изоди патот до Лондон, по секоја цена, а тргнува кон крајот на март. Ја бара и поддршката од граѓаните, и нагласува дека доколку секој граѓанин би уплатил барем по 50 денари, ова патување ќе се оствари лесно и беспрекорно. Валентина Ѓоргиевска Парго БезПардон.Мк | |
|