Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ! Fri Feb 03, 2012 3:12 pm | |
| ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ! Примив награда од небото што имав чест еден период лично да соработувам со исклучителниот, вонсерискиот, од Бога надарениот Тоше Проески. Чинам, тоа беше неговиот прв или втор албум. Во соработка со композиторот Кире Костов ми беше дадено да напишам два текста. Тоа беа композициите „Илузија“ и „Казна моја си“. Подоцна, соработката ја продолживме уште и со композицијата „Синоока, босонога“ за евровизискиот избор. Јасно се сеќавам на денот на снимањето на првите две композиции. Бевме неколкумина во студиото, а јас бев сведок со колку срце, љубов, жар, максимално тој се дава себеси и својот раскошен талент. Се` беше готово за неколку часа, што не е необично ако се знае за каков маестрален вокал станува збор, надополнет со многу душа, сензибилитет, емоции. Името на мојата втора композиција ја насловив „Казна моја си“. Не знам од каде и зошто, едноставно зборовите претходниот ден извираа спонтано, а содржината беше невообичаена - говори за љубовта и смртта. Во паузата на снимањето Тоше ми пријде скромно и со респект, како што само тој умееше. Ме праша: „Од каде ви дојде идејата за еден таков тажен текст? Не знам дали често ќе можам да ја пеам на концертите... ме растажи...“ Подоцна, бараше сугестија, прифаќаше сугестија, меѓу другото, како да го отпее делот од рефренот во кој се спомнуваат и зборовите „...о, колку боли...“, за веднаш потоа да ми дофрли низ насмевка: „Иако сум млад, знам како боли“. По снимањето зборувавме долго за љубовта во светот, но, тоа нека остане во моето сеќавање. А сега останувам нема, чувствувам дека е непотребно да се кажуваат големи зборови од страв да не прозвучат конвенционално, излитено, формално. Неговата маркантна појава, како уметник и човек, говори сама за себе. Но, покрај солзите што се насушна човечка потреба, да не заборавиме - нему сега му е најпотребна молитва..., молитва..., за да му биде полесен патот полн со пречки што треба да го мине до светлината, до небото, до просторот што веќе не е илузија, туку што пребива во Љубов. За да им се придружи таму, на бесконечниот хор што го сочинуваат ангелите и архангелите и кои со волшебен глас пеат и извикуваат вака: „Свет, свет, свет си Боже...“ Посветено нему, од Мина... Ви благодараиме Mina Danilovska за укажаната чест и прекрасниот текст!!! | |
|