Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Ќе се одбележува 5-годишнината од смртта на Тоше Tue Mar 27, 2012 7:22 pm | |
| Програмата за 2012 година која денес ја изгласа Собранието на Република Македонија, го вклучува и одбележувањето на петгодишнината од смртта на Тоше Проески.Проески познат како хуманист и една од најголемите ѕвезди на Балканот, со ваквото одбележување ќе добие достојна почит. Тој загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска. Имаше само 26 години. Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото кое со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. Со концерти секоја година во Скопје се слави ликот и делото на Проески. Македонија никогаш нема да го преболи својот ангел со златен глас и засекогаш ќе ги помни неговите дела, пеејќи ги неговите песни кои како наследство останаа на овие простори. | |
|