Toše Proeski Fan Radio
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Toše Proeski Fan Radio

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeLatest imagesRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика 592176_157460300950194_1971843220_n
May 2024
MonTueWedThuFriSatSun
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Тоше има двојник во Србија
Vozač kamiona Kuzmanović koji se sudario sa Tošinim touaregom!
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Toše Proeski možda nije mrtav?!...
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Toše Proeski - Limenka (tekst) - MK
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 113 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 416 messages in 365 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Fan Radio on your social bookmarking website

 

 ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика

Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin
Tose Fan Radio


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика Empty
PostSubject: ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика   ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика EmptyThu Apr 12, 2012 2:50 pm

ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика D1D9E92D48B54E41BC9636FE46A02BAA

„...Дај малку од вештачката трева да покриеме овде. Подај ми и неколку кадифени срца да ги ставиме овде. Да ги покриеме дупките што зјаат. Ти среди ја оваа страна, јас ќе ја замаскирам другата за да не се гледа дека местово се распаѓа.“

Овој ист дијалог секој ден го водат тројца луѓе на крушевско Гумење. Повеќе од четири години тие се грижат за уредувањето и за обезбедувањето на гробот на Тоше Проески. Но таа грижа од ден на ден станува с` потегобна. На гробната парцела од 30-ина квадратни метри пропаѓаат и земјата и страничните плочки и покривната конструкција. Тоа веќе не е место на кое некој би почивал во мир.

Четири и пол години по смртта Тоше почива под импровизирана гробница. Под земја покриена со теписон од вештачка трева и заградена со бекатон-плочки за да не се одронува. Луѓето што го одржуваат и го обезбедуваат гробот на Тоше не се моќни да го спречат тонењето на земјата токму на ова место.

- Видливо е дека земјата пропаѓа. Тоне надолу, а гробот нема плоча. Што да правиме ние? Местото го обезбедуваме од 2 ноември 2007 година. Многу луѓе сме дочекале и сме испратиле. Сите носат подароци - цвеќиња, кукли, мечиња. Ние тоа го средуваме. Но некои работи не се покриваат само со кадифени срца. Моменталната состојба на гробот е многу лоша. Телото на Тоше е покриено со земја која постојано тоне, а над неа има теписон од вештачка трева. Паѓаат и бекатонските плочки ставени од страна. С` се распаѓа - вели Ратко Трајчевски, задолжен за обезбедување на гробното место.

За жал, тоа не е единствениот проблем. Пропаѓа и покривната конструкција.

- Покривот го направивме како привремен објект за една година. Надлежните не сакаа да вложуваат многу пари, затоа што, според плановите, по една година требаше да почне изградбата на споменикот. Еве поминаа повеќе од четири години, а привремениот покрив си стана траен. Згора на тоа и зимава се погоди многу снежна. Снегот натежна, покривот се искриви. Ние го зацврстиме, ама не верувам дека ќе издржи уште една зима – објаснува мајсторот Никола Цветковски.

Надлежните за изградба на најавеното спомен–обележје повеќепати биле алармирани дека покривната конструкција и гробот се во лоша состојба, а тие одговарале дека „ќе се средат работите многу бргу“ .

- Во Kрушево нема зима без снег. Уште лани покривната конструкција почна да напукува и на голем број места да прокапува. Еден ден од тежината на снегот се свиткаа профилите и снегот падна врз гробот. Сликата беше многу тажна. Посетители од Србија, Словенија, Хрватска, Англија, Kанада, Холандија, кои престојуваа во Kрушево коментираа:

- Жално е вака да изгледа местото на кое почива голема ѕвезда и личноста што ја прослави Македонија не само на Балканот туку и во светот - раскажува Трајчевски.

Срамот е наш

Kрушевчани не кријат дека се разочарани и тажни од ваквата слика на Гумење.


- Четири години велат ќе се гради меморијален споменик , но никако да се почне. Доаѓаат луѓе од земјава и од странство. Го гледаат тоа што го гледаат и така ја ценат нашата почит кон Тоше. Срамот е наш. Според овдешните обичаи, на покојникот треба да му се изгради гроб до одбележувањето на едногодишниот помен - вели една крушевчанка.

Заглавени во имотно-правни спорови

Нема жител на ова мало и живописно гратче, кој нема да нагласи дека Тоше беше голем верник и дека живееше богат духовен живот воден од трите постулати на православното учење - љубов, вера и простување. Тоа го потврдува и протојереј Павле Лаповски, парохиски свештеник во црквата „Света Богородица“.

- Тоше ги почитуваше сите празници и адети. За велигденските празници секогаш беше во своето Kрушево. Од Велики Четврток, па до прославата на Велигден доаѓаше секој ден во црквата „Св. Богородица“ да се помоли и да учествува во богослужбите. Во таа црква и го крстив. Kога се случи трагедијата, во неа се изврши и посмртното опело. Не постои црковно правило кога треба да се изгради спомен-обележје. Доволно е на местото на кое почива да има крст. А според месните крушевски обичаи, гробницата треба да се направи најдоцна една година по упокојувањето - вели свештеникот.

Во 2008 година Собранието на Република Македонија донесе одлука за подигање меморијален споменик на Тоше Проески во Kрушево, кој постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин. За таа цел беше формирано и Kоординативно тело, во чиј состав тогаш беа Флора Kадриу, Ермира Мехмети и Цена Матевска, Илија Ивановски, Славен Ристовски и Андреј Николовски. Споменикот требаше да биде подигнат во рок од две години, но поради имотно-правни проблеми со нова собраниска одлука рокот беше пролонгиран за уште две години, односно до 2012 година. Според одлуката, средствата за изградба на споменикот треба да се обезбедат од буџетот.

Но годинава во буџетот не е одредена ставка за оваа намена.

- Во изминатиот период се соочивме со низа проблеми, кои бавно се надминуваа. На јавен меѓународен конкурс беше избрано идејно решение, кое беше прифатено од наша страна. Но парцелата на која треба да се гради споменикот има приватни сопственици. Поради тоа беше спроведена правна постапка и моментално предметите се пред управниот суд. Ние шест месеци немаме никаква информација за текот на постапката - објаснува Андреј Николовски, претседател на Kоординативното тело.

Според прифатеното идејно решение, меморијалниот споменик опфаќа гробно почивалиште, црква, градина и придружни објекти.

Славен Ристовски, зет на Тоше и член на Kоординативното тело, вели дека на последниот состанок во Собранието, семејството Проески предложило црквата да се лоцира 10 метри понапред за да се избегнат имотно- правните спорови околу парцелата и да се забрза изградбата.

- Во спротивно, ако се пролонгира изградбата, привремената конструкција комплетно ќе се распадне, а ние како семејство мора да преземеме мерки за да ја спречиме оваа тажна слика - вели Ристовски.

Но другите членови на Kоординативното тело велат дека овој предлог само ќе ја одложи изградбата бидејќи ќе треба да се донесе ново идејно решение за меморијален споменик, со коригирана локација.

Соња Алексоска Неделковска


На почивалиштето на Питу нема каде да се запали свеќа

Спроти гробот на Тоше е и вечното почивалиште на големиот револуционер Питу Гули. Многу од посетителите сакаат и таму да запалат свеќа, но немаат каде, па ги ставаат директно на гробната мермерна плоча.

- Од почит кон делото на големиот револуционер ние по наша желба се грижиме и за гробот на Питу Гули. Го чистиме од остатоците од стопени свеќи и го уредуваме местото бидејќи доаѓаат многу посетители - велат луѓето кои го обезбедуваат гробот на Тоше.



Семејството Проески само ќе го уреди гробот

Семејството Проески е благодарно за сите активности што ги презеде Владата по смртта на Тоше, велат од Фондацијата „Тоше Проески“.

- Благодарни се на изградбата на Спомен-куќата и на помошта што ја дава Владата на сите постхумни настани со кои се чува споменот на Тоше. Но самата глетка на гробното место е многу болна и уште повеќе им ја зголемува тагата. Тие ја прифатија оваа привремена конструкција која требаше да трае една година бидејќи Собранието донесе одлука да гради меморијален споменик. Но еве уште малку ќе поминат пет години. Ако не се реализира собраниската одлука во наредниов период, поради сегашната катастрофална состојба, семејството Проески посакуваат сами да го уредат гробното место - велат од Фондацијата.
Back to top Go down
https://tosefanradio.forumotion.com
 
ПОТРЕСНА СЛИKА НА KРУШЕВСKО ГУМЕЊЕ - Гробот на Тоше тоне во бекатон, станиол и во пластика
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тишина во домот на Тоше, во Гумење тажно!
» Телото на Тоше под земја која тоне - гробницата во распад
» Македонскиот порно актер Карло Бос ќе го реновира гробот на Тоше
» Гробот на Тоше во заборав од институциите
» Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Fan Radio :: News Flash/Vijesti :: Everything related / Povezano ...-
Jump to: