Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Приказна за големото срце на Тоше Проески Wed Apr 18, 2012 5:10 pm | |
| Хуманоста на Тоше не познаваше граници... Доказ за тоа е приказната која за порталот естрадаплус ја раскажува продавачот на весници Рафит Хасани.Неколку години пред да загине нашиот Тоше, една врнежлива вечер тој повторно ја покажал својата човечност. Рафит Хасани, продавал весници на булеварот Партизански одреди... премногу врнело. -На семафорите застана еден автомобил и јас приметив дека е Тоше Проески. Ме праша колку ми е заработувачката за една вечер, а јас му одговорив дека е околу 150 денари. Извади од џебот 500 денари, ми ги даде и рече: Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш, од тогаш често поминуваше и ми носеше чај во термос, вели Хасани. Големината на срцето на нашиот Тоше беше огромна, а хуманите гестови безбројни... | |
|