Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше како шанкер заработи 12.000 денари бакшиш Sat Aug 11, 2012 12:24 pm | |
| Тоше како шанкер, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, и Влатко од "Морал" како келнери заработија околу 12.000 денари бакшиш, завчера во скопското кафе "Алиби". Тоше точеше пијалоци, правеше коктели и миеше чаши, а и менаџерката Петровиќ ептен сериозно си ја сфати работата на келнерка. Бакшиш добиваше, а и самата го земаше, заокружувајќи ги цените на пијачките: за пиво од 70 денари нема кусур ако дадеш стотка. Парите одеа директно во кутијата за бакшиш, а Тоше ќе и ги намени на крушевчанката Љупка Талевска, за операција на очите во Москва. Обезбедувањето на Тоше, Влатко Чонгур, беше најдарежлив. Љиљана од него доби 2.000 денари за две пијачки. Во "Алиби", со хитовивите од осумдесетите и деведесетите се журкаа и Мартин Трпчевски, каратистот Дејан Недев, Елена и Ламбе од "М2", Тамара и Тијана која е дојдена од Белград, дома на одмор. Хуманитарната акција: "Славните ве служат, славните ве дружат" продолжува следниот понеделник. | |
|