Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Дали Тоше заслужи вакво нешто? Sun Aug 19, 2012 10:15 pm | |
| Деновиве повторно се актуелизираше темата во врска со пропаѓањето на гробот на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески. Но овој пат, темата ја покренаа српските медиуми. Зашто по пет години од смртта на еден од најдобрите пејачи на Балканот, на неговиот гроб не е поставена надгробан плоча, ниту споменик, се прашуваат тие. Во Октомври се навршуваат пет години, откако во сообраќајна несреќа загина македонскиот славеј, еден од најдобрите машки вокали на Балканот, нашиот Тоше. Погребан е во Крушево на Гумење. И македонските медиуми се обидуваат да најдат одговор на прашањето, зашто пропаѓа неговиот гроб. Не постои разумно, ниту логично објаснување, што на петгодишнината од неговата трагична смрт, на гробот се уште не е поставена ниту надгробна плоча, ниту споменик. Што да се каже за конструкцијата на кровот на кој е ставен плексиглас кој не може да задржи малку пообилна количина на снег и дожд? Градоначалникот на Крушево одбива да разговара на оваа тема, велејќи дека гробот на Тоше не е во негова надлежност. Во близина на Крушево пејачот почна да го гради манастирот Св. Преображдение, кој се финансира со доброволни прилози. За завршување на започнатата работа (осликување на фреските и нови конаци), потребни се уште 300.000 Евра. Македонската црква не вложила ниту денар во овој проект, ниту пак е заинтересирана за истиот, пишува Новости.рс. Новинарите бараат да се објасни апсурдот зошто во Спомен куќата на Тоше нема место за неговиот омилен автомобил кој прекриен со церада стои во дворот на соседите на Тоше. Обожавателите на Тоше од Србија и Хрватска својата љубов кон пејачот ја искажаа на многу оригинален начин – му купија телескоп и планираа да го вперат кон ѕвездата која го носи името на суперѕвездата Тоше Проески. Наместо тоа, неотпакуваниот телескоп стои во ходниците на Фондацијата Тоше Проески. Зар и за него нема место во спомен-куќата? ТОШЕ ПРОЕСКИ ВАКВО НЕШТО НЕ ЗАСЛУЖИ!!! Ваква е реакцијата на нашите српски колеги, што е и очекувана. Македонската јавност пред некое време на истото прашање бараше одговор, но за жал не го пронајде. Свесни ли сме што се случува? Прерано го загубивме, а не знаеме како вистински да му се оддолжиме, онака како што тој заслужува. Гробот за жал пропаѓа, а ние не можеме ништо да сториме, освен да ја префрламе топката од едни на други. БезПардон.Мк | |
|