Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Пет години без Тоше Fri Sep 14, 2012 9:49 pm | |
| Пет години без ТошеПо четврти пат во негова чест Биди дел од ѕвезденото небо и Ти, како што тој посакуваше. Навршуваат и овие 5 години, но не завршува желбата и љубовта на неговите фанови во негова чест да организираат уште еден традиционален настан на оној ден кога тој стоеше пред нас и го бараше ѕвезденото небо, на кое тој самиот заблеска како најсветла ѕвезда, на оној концерт кој ни го остави во сеќавање и со аманет. Тој нас не посочи да го продложиме неговото дело, а ние сме спремни и овој октомври да ја оствариме неговата желба и да продолжиме по неговиот пат, скромен, но полн со музика и љубов. Поради тоа во негова чест Интернационалниот Тоше Фан Клуб Форум ве поканува на 5.10.2012 на плоштадот Македонија во Скопје да ни се придружите во оддбележувањето на овој ден. | |
|