Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше ќе вози „фолксваген туарег“ (24.05.2006) Wed Nov 07, 2012 5:58 pm | |
| ПОДАРОКТоше ќе вози „фолксваген туарег“ Порше Македонија“ на мегаѕвездата Тоше Проески му подари автомобил „фолксваген туарег“, вреден околу 50.000 евра „Порше Македонија“ на мегаѕвездата Тоше Проески му подари автомобил „фолксваген туарег“, вреден околу 50.000 евра. Проески ќе биде заштитно лице на увозникот на автомобили од програмата на „Фолксваген“ и на „Ауди“ за Македонија, и со нив планира да реализира повеќе заеднички проекти. - Овој автомобил го посакувам одамна, но немав можност да го имам. Пресреќен сум и навистина ќе го возам од љубов - изјави Тоше на вчерашната прес-конференција, каде што со мобилен си го фотографираше автомобилот. Генералниот менаџер на компанијата, Златко Муцуноски, оваа соработка ја нарече спој на функционалноста и уметноста и нагласи дека Тоше не го прави ова од комерцијални причини, туку од љубов кон автомобилите на „Фолксваген“. Проески, кој е познат по страста кон автомобилите, досега возел „пунто“, „тојота рав 4“, „пежо 307“, „тојота ленд крузер“, „БМВ Х5“, „мерцедес ЦЛК“, а модел што во моментов го вози е „мерцедес Мл 35“. | |
|