Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше Проески - Hовиот албум „Best of Tose Proeski“ Sat Jan 05, 2013 2:27 pm | |
| ПОДАРОK ЗА ДЕНОТ НА РАЃАЊЕТО НА ТОШЕ Албумот содржи 16 композиции што ја одбележаа кариерата на пејачот и една нова песна со наслов „Све је ово премало за крај“Денот на раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески, 25 јануари, ќе биде одбележан со новиот албум „Best of Tose Proeski“.На проектот се наоѓаат 16 добро познати композиции што ја одбележаа кариерата на Тоше и една нова песна со наслов „Све је ово премало за крај“. Автор на музиката и на текстот на новата композиција е Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направи Никша Братош. - Песната е снимена во 2006 година, во домашното студио на Тоше. Таа е само дел од богатото музичко наследство што го остави во своето студио. Аранжманот на „Све је ово премало за крај“ го изработи Никша Братош, најдобриот продуцент и аранжер на Балканот. Тој работи и на новите песни на Тоше, кои ги создаде во текот на својот живот - вели Славен Ристоски од „Фондацијата Тоше Проески“.www.dnevnik.com.mk | |
|