Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Марјан Томазиниќ за МММ - Тоше живее преку моите видеа! Mon Sep 05, 2011 9:55 am | |
| Марјан Томазиниќ за МММ Тоше живее преку моите видеа!
Многубројни импровизирани, но прекрасни спотови за песни на нашата легенда Тоше Проески, снимки од концерти, радио и ТВ настапи, емисии на ЈуТјуб поставува Марјан Томазиниќ. Овој млад човек (38) од Сисак, Хрватска, работи во ИНА Рафинерија Нафта Сисак, а во слободно време целосно е посветен на создавање видео спотови за песни од Тоше. Сите оние кои ме познаваат знаат колку труд, добра волја, време и љубов вложив, а и натаму продолжувам за да го негувам споменот на нашиот голем, единствен и неповторливиот ангел Тоше Проески, вели Марјан. На фејсбук ги основа и води страниците In Memoriam Tose Fan Club & Forum на која е администратор, In Memoriam Tose Fan Radio, а се ангажира и на In Memoriam Fan Club & Forum (www.tose.bloger.hr, www.toseproeski.tk). Од мали нозе музиката и видеото беа моја опсесија. Се се вртеше околу тоа. И Тоше ми беше еден од мотивите што ме покренува, а и понатаму ми е. Што се однесува до видеоспотовите кои ги правев на самиот почеток тие беа обично слајдшоу, додека со тек на време не прерасна во нешто подобро. Секоја година, за годишнината од смртта, но и за роденденот на Тоше правев по едно видео. Можат да се пронајдат и погледаат на ЈуТјуб, како и на dailmotion и на metacafe. Немам професионална опрема, немам ништо, но од себе го давав максимумот, користејќи го она што ми беше при рака. Моите бројни пријатели можат да потврдат дека никогаш не бев задоволен, така што често правев и по повеќе верзии од едно видео. Во секое видео ставав по нешто ново, што му ја даваше таа тежина на видеото и самата смисла на тоа што сакав да го кажам и што сум чувствувал во тој момент, додека го работев. Сите ние на некој начин сакаме да ги искажеме своите чувства. Јас го пронајдов, вака, преку видеа - вели Марјан. Тој е многу горд што неговото видео за песната Крушево е најдобро оценето видео на ЈуТјуб, за таа песна. Тоа видео го носи насловот неофицијално, но мислам дека може да се носи рамо со рамо со официјалните видеоспотови кои се направени. Неодамна направив видео и за инструменталната верзија за таа песна, зошто сепак сакам повеќе да ги слушам инструменталите на Тоше, отколку неговите песни да ги пеат други. Во овој момент инструменталната верзија Крушево е на прво место, но сепак она што виртуозот Влатко Стефановски со својата гитара и искуство го направи на отворањето на спомен куќата, мислам дека не може да се мери со ништо друго. Ах, уште само наместо Раде Шербеџија да го имавме вокалот на Тоше, со носталгија констатира Марјан. Нему му е посебно драго што секое видео од оние што ги изработил во себе го има она нешто. Преку неговото залагање на Интернет успешно е спроведена акцијата за гласање Тоше да добие восочна фигура во музејот во Јагодина. Марјан е ангажиран и во хуманитарната акција ToseFansAngel forum, како и ToseFanClub&Foruma&Rtv. Жално ќе биде ако на некој начин Тоше денес е заборавен од многумина, но од моја страна нема да биде никогаш, дополнува Марјан. Меѓудругото, Марјан организатор е на гласањето за Тоше на whopopular.com (whopopular.com/Todor-Toshe-Proeski), исто така и на најновото за спомен куќата на страницата openbuildings.com (http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard). Јелена: Марјан е посветен на ТошеСо должно почитување на сите, Тоше со магијата која ја оставаше зад себе со својата насмевка, поглед, зборови, песна, гестови и се она што го правеше така посебен, се издигна далеку над сите други, а Марјан работи со цела своја посветеност и со цело свое срце на зачувување на споменот, вели неговата пријателка Јелена Јауковиќ . Таа додава - Она што беше Тоше никого не остава рамнодушен. Но, не може никого да остави рамнодушен ни се она што тој Марјан прави, и сигурно уште долго ќе го прави во чест на Тоше. Тоше имаше безгранично почитување, љубов и препознавање на сите вредности, квалитет и магија што Тоше ја носеше со себе и несебично ја ширеше околу себе. Марјан преку видеата го чува споменот на него и постојано не потсетува кој беше Тоше, еден толку посебен човек, додава пријателката. Доволно е да впишете Тоше на Гугл, меѓу првите три линкови ќе ви излезе најдобар блог, форум и фан клуб IN MEMORIAM Tose Fan Club, Forum & RTV, кој веќе неколку години го средува Марјан со неколку свои истомисленици. Покрај овој форум го покрена и IN MEMORIAM Tose fan radio, кој и покрај сите потешкотии што го има како обичен непрофитабилен проект, од кој нема никаква заработка, успеа да ја прослави својата прва годишнина во јуни. Форумот, Радиото и ТВ секако ги следат бројни страници и групи на ФБ кои ги осмисли и оформи, и кои заедно со администраторите ги уредува секојдневно а секој ден има се повеќе членови. Датум: 04.09.2011. | |
|