05.10.2007- Последната средба на Тоше и публиката. Последниот поздрав, последните стихови заедно испејани. Околу 20.000 „Тошедонци“ нестрпливо го очекуваа великанот и сите заедно извикуваа: „Тоше, Тоше, Тоше“!!!Тоше: „ Дали сте сите расположени за уште едно дружење? Едноставно не можам да верувам во колкав број ве има вечерва. Како проаѓа времето и како доаѓаат другите концерти се поназад и поназад се повекуваме со сцената, тоа ми е посебно драго........ Дозволете да ви се заблагодарам Вам, ради тоа што Вие сте најзаслужните вечерва за ова што се случува .“
Вечерта беше маѓична, публиката распеана, а Тоше прекрасен.
Таа слика која Тоше ја нарече „Ѕвездено небо“, е полна со емоции, сеќавања, и за жал, таа е последна слика на Тоше со неговата публика.
Тоше: „Не можам да ви опишам како изгледа од овде, не можам да ви опишам како изгледа. Сликајте ве молам од овде и сакам слика. Чекајте и мене, ова не се опишува, нека не се гаси ѕвезденото небо !“.
Таа вечер се спои небото и земјата. Изливот на емоции беше толку голем и не постои збор што може да ја опише атмосферата од таа вечер. Тоше беше целосно предаден на публиката, а неговата среќа можеше да се забележи во секој негов збор, во секоја негова насмевка. И публиката не остана рамнодушна. Со иста мера му возврати на Тоше, после секоја испеана песна и стих.
„Скопје нека грми“ !!! - Така и се случи. Скопје грмеше таа вечер, „под ведро небо“ - како што кажа Тоше.
Таа громотевица ја чувствуваме и денес. Со солзи во очите, со длабока воздишка и растреперен глас, повторно ги пееме неговите песни.
Зар некој можеше да остане рамнодушен на неговиот глас, насмевка и скромност?
Зар некој може да остане рамнодушен кога некој ќе го изговори неговото име?
ТОШЕ НИ НЕДОСТИГАШ МНОГУ !!!!!
Твоите зборови
„ВЕ САКАМ СИТЕ“, како молитва одекнуваа во нас. Таа молитва сека ние ја испраќаме кон тебе :
„ТОШЕ, ТЕ САКАМЕ СИТЕ “. Во моето срце засекогаш, во сите срца засекогаш, вечен засекогаш !!!
Те сакаме ......
Автор: Сања Стефанова