Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше сé уште идол во Хрватска Wed Oct 12, 2011 9:20 pm | |
| Четвртата годишнина од смртта на Тоше со низа активности ќе биде одбележана во Хрватска. Иако времето одминува, Тоше и натаму останува во сеќавањето на многубројните хрватски обожаватели, кои со солзи во очите се присетуваат на стравичната несреќа, а неговите песни сé уште се вртат по радиостаниците и не го изгубиле интересот кај слушателитеКрај спомен-обележјето на Тоше, концерт ќе одржат „Леб и сол“, Ламбе Алабаковски и хрватската група „Русвај“И Хрватска со должна почит кон прерано згаснатиот живот на нашата најпозната поп-икона Тоше Проески се сеќава на трагичниот настан што се случи пред четири години во близина на Нова Градишка. Иако времето одминува, Тоше и натаму останува во сеќавањето на многубројните хрватски обожаватели, кои со солзи во очите се присетуваат на стравичната несреќа, а неговите песни сé уште се вртат по радиостаниците и не го изгубиле интересот кај слушателите. Со низа активности во организација на македонската амбасада во Загреб и со поддршка од градот Нова Градишка, како и од фондацијата „Тоше Проески“, неколку дена, почнувајќи од вчера, ќе бидат во чест на незаборавниот Тоше. Маратонците традиционално го почнува маратонот пред спомен-обележјето што лани беше поставено кај стадионот, од каде што беа пренесени посмртните останки на Тоше во Македонија, во родното Крушево. Планирана е и богослужба, која ќе биде изведена во црквата „Св. Терезија“ во Градишка, од страна на македонскиот свештеник протереј Кирко Велински. В петок на спомен-обележјето за Тоше ќе биде положено свежо цвеќе, а за вечерта е закажан концерт на „Леб и сол“, Ламбе Алабаковски и хрватската група „Русвај“, а средствата собрани од овој музички настан ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Чествувањето ќе биде збогатено и со пријателски ракометен натпревар помеѓу ветераните од Нова Градишка и ракометната екипа од Република Македонија. Во Хрватска Тоше има многу почитувачи, а неговите пријатели од светот на музиката со посебно чувство се сеќаваат на него. Нина Бадриќ, Тони Цетински, Аки Ракимовски, Мирослав Рус, се само дел од големите хрватски музички имиња со чија помош на јавноста и беше сервирано она што остана неотпеано од Тоше. Неговото посмртно цеде, со што на некој начин го заокружија тоа што Тоше го направи во неговиот прекраток живот. Името на Мирослав Рус со Тоше се врзува за неговиот голем хит „Игри без граници“, кој го напиша токму врвниот хрватски композитор, по што и албумот што го објави загрепската дискографска куќа „Хит рекордс“, каде што тој е косопственик, беше така насловен. Тоа е албумот што ги рушеше сите рекорди низ просторите на бивша Југославија. Оваа песна Рус вели дека е инспирирана од неговиот живот, во кој често не тече мед и млеко, впрочем како и преостанатите негови песни. - Кога Тоше ја слушна песната, се радуваше како мало дете. Тој знаеше и за тага и за радост - вели Рус. И легендарниот водач на „Парни валјак“, Аки Ракимовски, кој зад себе има три и полдецениска музичка кариера, со особено задоволство ја прифатил улогата што ја имал во проектот „Тоше и пријателите“. Тој вели дека Тоше го сакал како син и дека за него го врзуваат многу спомени. Македонскиот амбасадор во Хрватска, Данчо Марковски, вели дека Тоше беше голем промотор на Македонија, македонскиот јазик и музика. Затоа со должна почит и ја реализирале идејата за поставувањето на спомен-обележјето за Тоше минатата година, кое на некој начин стана место за дружење на младите што го обожаваа Тоше. | |
|