Француската општина Сен Жам и општина Крушево ќе соработуваат во областа на туризмот. Ова е договорено меѓу локалната самоуправа во Крушево и делегација од Сен Жам, Долна Нормандија која престојуваше во Крушево со цел да се идентификуваат областите на можна соработка.
Соработката на градовите од францускиот регион Долна Нормандија и Македонија е дел од Програмата за децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, во чии рамки се активни седум збратимувања на градови.
Програмата за децентрализирана соработка е координирана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА.
Општина Крушево, доби покана од делегацијата да ги претстави своите убавини на саем во Сен Жам во септември.