Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Новинарката Вале Парго на средба со Светата Столица во Ватикан Wed Apr 18, 2012 8:51 pm | |
| Граѓанската Асоцијација „Мајка Тереза“ од Скопје, по повод Велигденските празници упати топли и срдечни честитки до Светиот центар, Ватикан. По тој повод, и претставничка од Асоцијацијата, новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, оствари посета и средба со портпаролот и директорот на прес-центарот на Ватикан, господинот Федерико Ломбарди. Во пријатна и срдечна атмосфера во неговата канцеларија, поразговараа за Мајка Тереза и за нејзините свети дела, накратко и за македонскиот ангел - Тоше Проески, како голем хуманист и нејзин следбеник, а од страна на нашата претставничка беше упатена покана до господинот Ломбарди да го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза Во таа пригода Валентина му ја подари и збирката со авторски дела од Претседателот на Асоцијацијата „Мајка Тереза“- Скопје, Стојан Тренчевски, поточно неколку книги и монографии посветени на Мајка Тереза и нејзиниот животен пат. Новинарката Парго е хуманистка и следбеничка на најголемата хуманистка на нашиот век, Мајка Тереза, која се очекува да биде прогласена и за светица, а минатата година новинарката се закити со Послание за хуманост „Мајка Тереза“. Таа ги следеше остварувањата на Тоше Проески, а фотографии кои новинарката ги направи кога Тоше на својот последен концерт за последен пат ја примаше наградата Мајка Тереза, се изложени во Ватикан. Нејзиното патување во Ватикан беше овозможено од туристичката агенција „Магелан“, Скопје. | |
|