Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: ПРАВНА НУЖНОСТ ИЛИ ДРЖАВАТА ШТЕДИ НА СМЕТКА НА СПОМЕНОТ ЗА ТОШЕ? Thu Jun 07, 2012 10:30 am | |
| Да стави рака во џебот, министерот Ставрески ќе ги извади тие милион денари, односно 15 илјади евра. Срамота е да се кастрат парите од буџетот и да се пролонгира изградбата на меморијален споменик на Тоше Проески, нашата најголема поп икона во која божем се колнеше владата, премина веднаш во напад Јани Макрадули. Тој ги критикуваше пратениците од ВМРО-ДПМНе, особено тие од изборната единица што го опфаќа Крушево и најмногу пратеничката Цена Матевска од родниот град на Тоше. И порача дека во Крушево ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпи катастрофа на изборите -Гласате за жичница во Скопје и за купување на автобуси за ЈСП Скопје, а се потпишувате на одлука со која се пренасочуваат парите наменети за спомен обележјето за Тоше, срамот, рече Макрадули. Срамота е вака да се собираат поени, не се работи за парите, туку за нужно пролонгирање на изградбата поради решавањето на имотни проблеми, со што е запознато и семејсетвото на Тоше, реагираше пратеничката од Крушево. Претседателот на парламентот Трајко Вељановски рече дека Макрадули не е коректен, зашто како што нагласи, не се работи за несакање, туку за правни проблеми. Кога е во прашање Тоше, срамотота е да се расправваме за 15 илјади евра, реагираше Горан Мисоски и побара седницата да биде прекината, на што Вељановски одговори дека тоа не е во рамките на процедурата. Во знак на протест Мисоски ја напушти салата. На крајот парламентарното мнозинство ја донесе одлуката со која рокот за завршување на меморијалниот споменик наместо до 31 јули годинава, се поместува за две години. | |
|